Мареска не се шегува – испрати моќна порака до „отпишаните“ во Челси


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тренерот на Челси, Енцо Мареска сака да воспостави ред во премиерлигашот и во следниот период ќе се ослободи од фудбалерите кои не се во неговите планови.

Мареска испрати порака до сите фудбалери кои се отпишани, односно им порача дека нема да добијат минутажа во следната сезона доколку не го напуштат „Стемфорд бриџ“.

„Сите фудбалери кои не се дел од нашите планови, нема да добијат минутажа дури и да останат во клубот“, кажа Мареска.

Рахим Стерлинг, Бен Чилвел, Тревор Чалоба и Армандо Броја се само дел од фудбалерите кои треба да заминат до крајот на преодниот рок.