Анчелоти: Воопшто не сум загрижен за формата на Мбапе


Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Францускиот напаѓач Килијан Мбапе пристигна како големо засилување за Реал Мадрид, но нема најдобар старт во европскиот и шпански шампион.

Мбапе беше стрелец во европскиот Суперкуп против Аталанта, но потоа разочара против Мајорка и Валјадолид.

„Килијан го постигна последниот гол на 14 август, а денеска сме 28 и воопшто не сум загрижен за неговата форма. Мбапе е среќен, работи напорно на тренинзите и сака да постигне гол на следниот меч“, кажа Анчелоти.

Реал Мадрид во следното коло му гостува на Лас Палмас.