Нема крај на проблемите: Анчелоти не може да смета на девет повредени фудбалери


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Шпанскиот гигант Реал Мадрид се соочува со нови проблеми пред продолжение на сезоната затоа што листата со повредени играчи се зголеми на девет фудбалери.

Тренерот Карло Анчелоти во следниот период не може да смета на Едер Милитао, Јакомо Ремон, Џуд Белингем, Едуардо Камвинга, Орлиен Чуамени, Ферланд Менди, Дани Себаљос, Давид Алаба и Жоан Мартинез.

„Кралевите“ по четири одиграни кола се наоѓаат на делба на втората позиција и имаат осум бодови, односно четири помалку од лидерот Барселона.