Димитриевски: Македонија мора да ја победи Ерменија за да има шанси за првото место!


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Пред мечот на Македонија против Ерменија заедно со селекторот Благоја Милевски на денешната прес-конференција присуствуваше и голманот Столе Димитриевски.,

Македонскиот голман сметаат дека поискусните треба да бидат оние кои ќе го повлечат тимот и посочи дека најважно е Македонија да победи.

„Нормално е поранешните колеги кои не се веќе тука да имаат свое мислење, јас како заменик капитен на репрезентација сум фокусиран и максимално спремен да го одработам натпреварот со нашиот утрешен противник. Најважно е утре да победиме за да имаме шанси за првото место, па потоа можеме да зборуваме на други теми. Ние поискусните треба да тргнеме и да го повлечеме возот за помладите да се качат. Како што кажав утре е најважен резултатот и Македонија треба да победи, тоа е во мислите на целата екипа“, изјави Димитриевски.