Манчестер сити може да загуби до 100 бодови


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Фудбалскиот експерт Киеран Мегваер предупреди дека Манчестер сити би можел да добие казна и до одземање на 100 бодови, односно испаѓање во понизок ранг.

Манчестер сити е обвинет за 115 прекршоци на финансискиот фер-плеј, а судењето за случајот ќе почне в понеделник.

„Не може да добијат парична казна, зашто сите ќе мислат дека само си го губат времето. Ако ги споредите прекршоците со тие на Евертон и Нотингем Форест ќе забележите дека направиле мали прекршоци, но беа казнети. Ако се докажат обвинувањата, тогаш Сити би можел да загуби од 60 до 100 бодови и тоа ќе значи испаѓање во понизок ранг“, кажа Мегваер.