Ибрахимовиќ: Јас сум лидер во Милан, другите работат за мене


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Милан загуби од Ливерпул со 1-3 на почетокот на новата сезона во Лигата на шампиони (ЛШ), а по мечот Златан Ибрахимовиќ даде коментар за новинарите.

Ибрахимовиќ зборуваше за различни теми, меѓу кои и за Звонимир Бобан кој кажа дека не ја разбира улогата на Швеѓанецот во клубот.

„Моето отсуство? Кога лавот не е тука, мачињата се главни. Бев отсутен од лични причини, но мојата улога е јасна. Јас сум лидерот, а сите други работат за мене“, кажа Ибрахимовиќ.