Ембид стави потпис на нов договор и стана еден од најплатените во историјата

Кошаркарот на Филаделфија, Жоел Ембид потпиша нов тригодишен договор со екипата вреден 193 милиони долари.

Ембид ќе остане во Филаделфија до крајот на сезоната 2028/29, па така ќе заработи вкупно 301 милион долари.

Искусниот кошаркар во 2023 година ја освои наградата за МВП и двапати беше на второто место во 2021 и 2022 година.