„Димитријевиќ е квалитетен кошаркар, ќе ни биде од голема помош“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ дебитира во дресот на Олимпија Милано и помогна во победата на неговиот тим во полуфиналето на Суперкупот на Италија.

Тренерот Еторе Месина по мечот имаше само пофални зборови за македонскиот репрезентативец.

„Нено е квалитетен кошаркар. Уште пред да го ангажираме знаевме со што располага. Тој играше во Уникс Казан и беше лидер на екипата. Нено е кошаркар кој може да игра на повеќе позиции“, кажа Месина.

Димитријевиќ постигна 14 поени во дуелот против Венеција.