„Винисиус е го*но од човек, а Реал Мадрид е клуб со мигранти“

Поранешниот претседател на Валенсија, Пако Роиг брутално го навреди фудбалерот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор.

Пако имаше само навреди за „кралевите“, па клубот од Мадрид го нарече дека е тим исполнет со мигранти.

„Мадрид го нарекувам Реал мигрант. Винисиус можеби е добар фудбалер,  но е го*но од човек“, кажа Пако.

На претседателската функција на „лилјаците“ беше од 1994 до 1997 година.