Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Францускиот фудбалер Рафаел Варан реши да се пензионира откако се здоби со тешка повреда.
Варан се повреди во меч за Комо во Купот на Италија, по што мораше да се повлече од фудбалот, но ќе остане во калчолигашот и во иднина, но засега не се открива неговата улога.
„Се држев до највисоки стандарди и сакам да заминам на високо ниво. Потребна е огромна храброст да го послушате срцето и инстинктите. Една работа се желбите, друга се можностите. Сум паднал и сум станал 1.000 пати, но сега дојде време да ги закачам копачките на ѕид со мојата последен натпревар на Вембли и освоен трофеј. „Започнувам нов живот надвор од теренот, ќе останам во Комо, едноставно нема да ги користам костобраните и копачките. Наскоро ќе споделам повеќе детали“, соопшти Варан.