Позната причината зошто Реал нема да му дозволи на Мбапе да присуствува на мадридското дерби


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Според „Л’Екип“, ѕвездата на Реал Мадрид сакаше да присуствува на натпреварот за да ги охрабри своите соиграчи, но клубот не му дозволи заради безбедносни причини.

Официјалните лица на Реал Мадрид наводно сметале дека е ризично Мбапе да биде присутен на стадионот, стравувајќи од потенцијални инциденти со домашната публика.

Одлуката произлегува од претходен инцидент со расна злоупотреба кој го инволвираше Винивиус Жуниор за време на мадридското дерби на истото место во септември 2022 година.

Тогаш, навивачите на Атлетико Мадрид го таргетираа Винисиус со расистички извици, создавајќи непријателска атмосфера која доведе до широка осуда низ фудбалскиот свет.

Додека Мбапе ќе го следи натпреварот од далеку, неговото отсуство ги потенцира безбедносните предизвици поврзани со ова жестоко ривалство меѓу клубовите.

Реал Мадрид, внимателен на потенцијални ескалации, одлучи дека присуството на напаѓачот би било ризично во средина со висок притисок и можност за инциденти со домашните навивачи.