Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Се раѓа ново големо ривалство во Премиер лигата, откако најголемите битки ги водеше со Јирген Клоп, изгледа дека сега на мета на Пеп Гвардиола застана неговиот пријател – Микел Артета.
Сè започна на минатонеделното дерби. Сите видовме колку имаше тензии и за време на натпреварот и потоа, па дури и на конференциите за медиуми.
Пеп Гвардиола јавно одговори дека е подготвен на војна, а не му се допадна двосмислената порака на Артета дека „многу добро знае што се случувало во Сити“.
„Следниот пат треба да биде попрецизен и појасно да каже што сакал да посочи. Микел рече дека бил тука четири години и дека многу добро знае што сè се случувало, а тоа може да се однесува и на сите тие тужби против нас, можеби тој има некои информации за тоа. Го замолувам следниот пат, поради почитта меѓу нас, да биде попрецизен во своите одговори“, рече Пеп.
Но, одговори и Артета, по победата над Лестер, кој сакаше да ја спушти топката на земјата.
„Можам да повторам, да биде јасно за сите – го сакам Пеп, му се восхитувам од мојата десетта година. Многу го почитувам и сум благодарен за сè што направи за мене, го сметам за мој пријател. Ги сакам и ги почитувам сите вработени во Сити, бидејќи со нив работев четири години и кога реков дека ги познавам, мислев дека знам колку се трудат. Ако сакате, пак ќе повторам, ако некој сака да го наруши нашиот однос тоа не е во мои раце“, рече Артета.