Симеоне бара казна за Куртоа: Навивачите претераа, но… (Видео)


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Атлетико Мадрид одигра нерешено против градскиот ривал (1-1) на „Ванда Метрополитано“, но натпреварот го одбележа и инцидент во второто полувреме.

Натпреварот беше прекинат поради тоа што навивачите почнаа да го гаѓаат гостинскиот голман Тибо Куртоа со различни предмети.

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне кажа дека не ги оправдува навивачите поради нивните потези, но притоа побара и казна за Куртоа.

Симеоне смета дека Куртоа ги испровоцирал навивачите на Атлетико и морал да биде попаметен во таа ситуација.