Ѕвезда на Атлетико Мадрид има трауматска повреда на мозокот (Видео)


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Дефанзивецот на Атлетико Мадрид, Робин Ле Норманд се соочува со значителен период одвоен од теренот откако му беше дијагностицирана трауматска мозочна повреда поради тешка повреда на главата во ремито 1-1 со Реал Мадрид.

Шпанецот удри со глава во противничкиот играч од средината Орелиен Чуамени во продолжението на дерби натпреварот на „Ванда Метрополитано“ во неделата.

Тој беше третиран на теренот додека неговите шокирани соиграчи гледаа и клубот соопшти дека тој поминал низ неколку серии на тестови и бил на прегледи кај специјалисти.

Сега е потврдено дека Ле Норманд претрпел трауматска мозочна повреда со субдурален хематом, што е крвавење кое е предизвикано од пукање на крвен сад близу мозокот.

Атлетико соопшти дека ќе се следат упатствата поставени во протоколот воспоставен за овој тип на повреда’ додека се трудат да го оспособат централниот дефанзивец за повторно да игра фудбал.