Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Францускиот фудбалер Пол Погба од март 2025 година ќе може да му се врати на фудбалот, откако му беше намалена суспензијата.
Погба беше позитивен на допинг тест и доби суспензија на четири години, но Судот за спортска арбитража му ја намали казната на 18 месеци.
„Поминав низ пекол, кошмарот конечно заврши. Едвај чекам да дојде денот кога ќе можам да ги следам моите соништа. Никогаш свесно не ги прекршив правилата. Сакам да му се заблагодарам на Судот што го послуша моето објаснување“, кажа Погба.
Французинот сè уште е под договор со Јувентус и ќе се врати на тренинг во јануари следната година.