Анчелоти откри два проблеми со своите фудбалери од Реал Мадрид


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Реал Мадрид игра лошо во изминатиот период, иако во екипата има голем број ѕвезди, а тренерот Карло Анчелоти веќе открил два проблеми во составот.

Анчелоти во разговор со медиумите откри дека заедно со фудбалерите откриле два други проблеми кои постојат во екипата.

„Не верувам дека ни недостига играч како Крос. Имаме веќе неколку такви фудбалери. По поразот од Лил разговарав со играчите и утврдивме дека имаме ни недостига интензитет кога ја имаме топката во наша корист. Мора побрзо да се движи топката и да доаѓа до напаѓачите. Исто така, имаме проблем со интензитетот во одбрана. Работиме на тоа и се трудиме да ги поправиме недостатоците“, кажа Анчелоти.

„Кралевите“ во моментов се на втората позиција во ла Лига со 18 бодови, односно три помалку од Барселона.