Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Мохамед Салах постигна 217 голови во дресот на Ливерпул, но се чини дека на крајот од сезоната ќе го напушти „Енфилд“.
Салах, кој неодамна постигна гол за „црвените“ во победата над Болоња во Лигата на шампионите, неодамна најави заминување од Ливерпул на крајот од сезоната.
На Салах на лето му истекува договорот со англискиот клуб, а челниците на Ливерпул сѐ уште не му понудиле нов, барем не таков каков што тој сака. Се чини дека ни тие немаат намера да ги исполнат огромните барања на Египќанецот, па дури се спремни и да го загубат 32-годишниот фудбалер.
Познато е дека екипи од Саудиска Арабија се борат за потписот на Салах, му се нудат богати договори, но не е јасно дали му е намера со нецели 33 години да замине од Европа или сака да продолжи да игра на највисоко ниво.
Сега пристигна вест дека француски ПСЖ е спремен да го ангажира Салах и тоа така што ќе му понуди договор дури на три години, што навистина не е вообичаено за фудбалери кои имаат над 30 години. Освен тоа, Парижаните би му дале многу повеќе пари отколку заработува во Англија.
Салах за „црвените“ одигра 358 натпревари, и ги освои сите можни трофеи, вклучувајќи ја и Лигата на шампионите во 2019 година. И оваа сезона игра добро но сè е поблиску заминувањето од клубот во кој стана вистинска легенда.