Руд ван Нистелрој ќе стане тренер на „ѓаволите“ ако Ерик тен Хаг биде отпуштен!?


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Руд ван Нистелрој е на ред за преземање на Манчестер Јунајтед ако Ерик тен Хаг биде отпуштен.

Тен Хаг е под зголемен притисок и пораз кај Астон Вила во недела би го оставил Холанѓанец на праг до отказ.

Поранешниот напаѓач на Јунајтед, Ван Нистелрој „ќе добие понуда да биде привремен тренер“ ако Тен Хаг биде отпуштен.

Медиумот пишува дека Ван Нистелрој „не сака да биде претставен како привремено решение“.

По минатонеделниот срамен пораз од 0-3 против Тотнем продолжи лошиот почеток на сезоната, а Тен Хаг е под вистински притисок во Јунајтед и ги брои последните часови на „Олд Трафорд“.

Сер Џим Ретклиф оваа недела одби да го поддржи јавно Тен Хаг како неговата иднина виси на конец.