Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фиорентина славеше во дербито против Милан со 2-1, а шпанскиот голман Давид Де Хеа одбрани два пенали.
Де Хеа најпрво му одбрани на Тео Ернандез во финишот на првото полувреме, а потоа го запре и Тами Абрахам на почетокот на вториот дел.
Тренерот на Фиорентина, Паладино беше воодушевен од Де Хеа и кажа дека Шпанецот сè уште може да брани во врвна форма.
„Верувајте ми, тој сè уште е чудовиште на теренот. Де Хеа е еден од најдобрите голмани во светот. Може да видиме зошто е шампион. Треба да му се заблагодаруваме секој ден“, кажа Паладино.