Каков пресврт на „Бернабеу“: Перез ја преспа ноќта и донесе одлука со која му го отежни животот на Анчелоти


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Шампионот на Европа и Шпанија Реал Мадрид се соочи со уште една тешка повреда. Дани Карвахал ќе ја пропушти следната година поради тешка повреда на коленото и тренерот Карло Анчелоти се соочи со уште еден огромен проблем.

Извори блиски до клубот вчера најавија дека „Кралевите“ веќе во јануарскиот преоден рок ќе најдат замена за Карвахал, но и дека ќе се обидат да доведат уште еден стопер, меѓутоа Флорентино Перез по преспаната ноќ се премисли.

Јасно е првиот човек на Реал им соопшти на стручниот штаб да не очекуваат замена за Карвахал и да се снаоѓаат како што тоа го направија и минатата сезона кога и покрај бројните повреди успеаја да ги освојат најголемите трофеи.

„Реал Мадрид нема намера да доведе било кого како замена за Дани Карвахал. Клубот ќе биде внимателен, и само во случај ситуацијата да се влоши ќе разгледа опции за да доведат некого“, наведува новинарката Аранча Родригез.

Перез смета дека Анчелоти има сосема доволно играчи на располагање, кои лесно би можеле да ја покријат позицијата која повредата на Карвахал ја оставила празна.

.