Вимблдон ги укина линиските судии по 147 години


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Вимблдон ја укина традицијата која траеше 147 години и од следната сезона нема да има линиски судии, туку ќе биде имплементирана технологија за да се намали бројот на грешки на натпреварите.

Во изминатите години се вршеа тестирања на технологијата, а управата на турнирот е задоволна од резултатите и поради тоа ќе ја имплементира технологијата.

„Откако ги разгледавме резултатите од тестовите, сметаме дека технологијата е доволно прецизна и време е да направиме важен чекор“, соопштија организаторите.