Од готово – вересија: Ѕвезда на Ливерпул не сака во Реал Мадрид поради одлука на Перез


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Во последно време многу се шпекулира дека Трент Александр-Арнолд на лето ќе го напушти Ливерпул и ќе потпише за Реал Мадрид, но Англичаните пишуваат дека се случи пресврт и дека една работа посебно му сметала на десниот бек на „црвените“.

„Мирор“ пишува дека на десниот бек на Ливерпул една работа посебно му сметала поради што повеќе не е толку сигурен дека сака да оди во Реал Мадрид.

Имено, Реал пред неколку дена потврди дека Карвахал доби нов договор и дека ќе остане во клубот и после оваа сезона. Тоа го направија „Кралевите“ веднаш откако беше потврдено дека му се повредени лигаментите и потпиша продолжување до летото 2026 година што не беше првобитниот план.

Во Реал не сакаа Карвахал да остане без клуб во ваква ситуација, но тој потег не го воодушеви Александра-Арнолд.

Англичанецот е свесен дека во Реал ќе има жестока конкуренција во Карвахал кој веќе години наназад е стандарден на позицијата десен бек и сигурно нема така лесно да се откаже кога станува збор за борбата за стартната постава.