Работници на „Камп Ноу“ се тепале со метални прачки (Видео)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Камп Ноу“ во моментов се реновира, а на стадионот работат повеќе од 2.000 работници, но пред неколку дена се случил инцидент меѓу дваесетина од нив.

Според неофицијални информации, едната група работници била од Албанија, додека другата од Романија и решиле физички да се пресметаат, по што биле отпуштени.

„Причините за тепачката се уште не се познати, но тие завршиле со конфликт кој толку ескалирал што работниците се удирале со шипки“, пишуваат медиумите.