Гвардиола го прекина молкот по шпекулациите дека ќе стане селектор на Англија


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Фудбалската репрезентација на Англија бара нов селектор, но во моментов не преговара со тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола иако имаше такви шпекулации во медиумите.

Тренерот на „граѓаните“ го прекина молкот и ги демантираше шпекулациите во медиумите.

„Не е вистина дека ќе бидам селектор на Англија. Јас сум тренер на Манчестер сити“, кажа Гвардиола.

Шпанецот, сепак, има договор со премиерлигашот до крајот на сезоната и засега нема преговори за нова соработка.