Мбапе има сериозни проблеми – против него се води „црна кампања“!


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Адвокатката на Килијан Мбапе, Мари-Аликс Кану-Бернар објави дека нејзиниот клиент е мета на „црна кампања“ со цел да се наруши неговиот имиџ.

Шведските медиуми изминатите денови шпекулираа дека полицијата отворила истрага против Мбапе поради наводно силување во хотелот каде што бил сместен.

„Медиумите кои први ја објавија неговата фотографија од Стокхолм, два дена подоцна соопштија дека е поднесена тужба. Постои кампања против Мбапе. Кој има интерес да го наруши неговиот имиџ? Не знам“, кажа адвокатката.

Шведските власти соопштија дека е почната истрага, но не откриваа повеќе детали за тоа дали Мбапе е вмешан.