Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Арда Ѓулер повторно остана без минутажа кај Карло Анчелоти. Во мечот против Селта во Виго во игра наместо него влезе Дани Себалос, а Италијанецот веднаш му даде објаснување на 19-годишниот турски фудбалер.
Карло Анчелоти константно ветува поголема минутажа за Арда Ѓулер, но младиот Турчин и оваа сезона не добива премногу простор за игра.
Вчерашниот меч против Селта во Виго 19-годишниот фудбалер го одгледа од клупата за резерви, а наместо него минути на теренот доби Дани Себалос.
Мадридските медиуми откриваат зошто Италијанецот го одбра Себалос пред Арда во овој меч. Тој и Арда имаа краток разговор за време на мечот.
„Играш доста во репрезентацијата. Денес поради тоа ќе го пуштам Дани во игра“, му рече Карло Анчелоти на Арда.