Мареска: Штета што загубивме, горд сум како одигравме на „Енфилд“


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Челси загуби на гостувањето кај Ливерпул (1-2), но гигантот од Лондон доминираше на „Енфилд“.

Тренерот на „сините“, Енцо Мареска беше разочаран поради поразот, меѓутоа кажа дека неговите избраници одиграле добар натпревар.

„Не сакаме да губиме и да остануваме без бодови, но ми се допаѓа како игравме. Го контролиравме мечот во поголемиот дел, имавме и шанси. Ова е начинот на кој треба да играме. Овој тим беше храбар на теренот“, кажа Мареска.

Ливерпул е лидер по осум одиграни меча со 21 бод, додека Челси е на шестата позиција со 14 бодови.