Шпанците најавија неочекувано „засилување“ на Реал, Анчелоти не може да поверува!


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Реал Мадрид и оваа сезона се соочува со бројни повреди, па често се споменува можноста дека клубот ќе донесе одредени засилувања. Најавите беа дека во јануари „Кралевите“ ќе доведат централен дефанзивец, но тоа би можело да пропадне затоа што Карло Анчелоти во екипата ќе го има Давид Алаба кој е речиси целосно опоравен од повредата.

Анчелоти многу брзо ќе добие „засилување“ во својот тим. Сепак, не се работи за ангажирање нов фудбалер, затоа што од јануари на теренот треба да биде Алаба.

Австрискиот фудбалер пред една година доживеа тешка повреда на коленото. Месеци му беа потребни за опоравување и не му беше дозволено да се врати на тренинзите сè додека коленото целосно не се излечи.

Алаба одамна веќе започна со индивидуална работа, а новинарот Мигел Ангел Луиз наведува дека 32-годишниот дефанзивец ќе се врати на тимските тренинзи во ноември.

„Алаба ќе започне со групни тренинзи од ноември. До јануари 2025 година треба да биде во полна форма. Тој ќе биде тоа ‘засилување’ на Реал Мадрид”, наведува Диаз.