Анчелоти кажа што бара од Мбапе на дуелите на Реал Мадрид


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Реал Мадрид има одличен состав оваа сезона и ќе се обиде да ги освои сите титули. Клубот вечерва игра против Борусија Дортмунд, а тренерот Карло Анчелоти одржа прес-конференција.

Анчелоти кажа што бара од неговата најголема ѕвезда во нападот, Килијан Мбапе.

„Сакам Мбапе да постигнува голови, а не да врши пресинг. Улогата не е променета, од него го барам тоа што го барав и од Карим Бензема. Мбапе мора подобро да се позиционира и да игра паметно“, кажа Анчелоти.

„Кралевите“ во досегашниот дел од Лигата на шампиони има по една победа и еден пораз.