Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Манчестер сити планира дополнително да го засили тимот во зимскиот преоден рок со цел да ја зголеми конкуренцијата во тимот и тренерот Пеп Гвардиола да има повеќе фудбалери во ротација за нападот на титулата.
Англиските медиуми пишуваат дека Гвардиола побарал од управата на „граѓаните“ да го ангажира бразилскиот фудбалер Рафиња од Барселона.
Рафиња и претходно беше голема желба на премиерлигашот, меѓутоа Бразилецот реши да го облече дресот на Барселона.
Вредноста на Рафиња се проценува на околу 60 милиони евра според „Трансфермаркт“, но каталонскиот гигант дефинитивно ќе бара многу повеќе пари за трансфер.