„Реал мислеше дека го ангажира најдобриот во светот, но тие веќе го имале во клубот“


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Винисиус Жуниор одигра спектакуларен натпревар против Борусија од Дортмунд. Сјајниот Бразилец постигна хет-трик во победата од 5-2 и уште еднаш потврди дека се работи за најдобриот играч во светот во моментот. Тоа го смета и легендарниот Џејми Карагер.

Легендата на Ливерпул Џејми Карагер нема дилеми. Винисиус Жуниор во моментот е најдобриот фудбалер во светот.

Тој во емисијата во која има улога на аналитичар изрази воодушевеност со играта на бразилскиот фудбалер кој со три гола во второто полувреме ја разби Борусија од Дортмунд.

„Реал Мадрид мислеше дека го доведе најдобриот играч на светот (Мбапе), но веќе го имаа најдобриот (Винисиус Жуниор). Уживај во Златната топка Вини“, порача Карагер.

.