Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Манчестер јунајтед освои бод на гостувањето кај Фенербахче во Истанбул, а тренерот Ерик Тен Хаг вели дека е задоволен од играта на неговите избраници.
„Црвените ѓаволи“ постигнаа гол за водство преку Кристијан Ериксен, а во второто полувреме Ен Незири стрелаше за израмнување.
„Два освоени бодови на гости, против Фенербахче и Порто, не се лоши резултати. Но секако сакаме да победуваме. Сакаме да победиме на секој натпревар“, кажа Тен Хаг.
Интересно е тоа што „ѓаволите“ имаат само една победа на последните седум меча во сите натпреварувања.