Анчелоти кажа како се чувствува Мбапе пред „Ел Класико“


Луд викенд: "Ел Класико" во Шпанија и супер дербија во Англија и Италија! ↓↓↓


Реал Мадрид вечерва ќе биде домаќин против Барселона во „Ел Класико“, а тренерот Карло Анчелоти ги кажа неговите очекувања од натпреварот, но даде коментар и за неговите фудбалери.

Анчелоти вели дека Килијан Мбапе е смирен пред вечерашниот меч против Барселона и се надева дека ќе блесне на „Сантијаго Бернабеу“.

„Мбапе е смирен и се подготвува за мечот. Има голема самодоверба и верувам дека ќе ни помогне на теренот“, кажа Анчелоти.

Барселона се наоѓа на првото место во Ла Лига со 27 бодови, додека Реал Мадрид има три бода помалку по 10 одиграни меча.