Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тешкиот пораз од Барселона во Мадрид го натера Флорентино Перез веќе да почне да размислува за нови засилувања.
Реал оваа сезона е полош од претходната, прашање е дали ќе успее да ја запре Барселона во походот на лигашката титула, а и во Лигата на шампионите ќе ги имаат Каталонците за ривали. Под водство на Ханси Флик, Барселона игра нереално, па во Мадрид славеше со 4-0, со тоа што можеше да биде и поубедливо.
Веднаш започнаа шпекулации дека Карло Анчелоти би можел наскоро да стане поранешен тренер и дури се спомнува враќање на Зинедин Зидан, додека странските медиуми, особено шпанските кои го следат Real во чекор, веќе ги поврзуваат мадридчаните со нови играчи.
Последниве години Перез работи на ангажман на најголемите фудбалски потенцијали, а ден после дебакл од Barcelona со Реал се започна да се поврзува 18-годишник за кого наводно Реал би платил и повеќе од 100 милиони евра.
Станува збор за Варен Заире-Емери кој со само 18 години успеа да стане стартер во ПСЖ, под водство на тренерот Луис Енрике. Реал Мадрид се подготвува да се збогува од Лука Модриќ, а Хрватот би можел следното лето да го замени чудесното дете од „Паркот на принцовите“.