Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Џејми О’Хара го повика Манчестер Јунајтед да го ослободи Ерик тен Хаг од неговите маки по нивниот најнов разочарувачки пораз.
Тен Хаг има слаб почеток на новата сезона откако за „влакно“ ја зачува својата работа во летото и притисокот веројатно ќе се зголеми на Холанѓанецот во наредните денови по нивниот пораз од 1-2 против Вест Хем.
Говорејќи на „Скај Спортс“, поранешниот играч на Тотнем рече: „Девет натпревари и Јунајтед се 14-ти на табелата….ајде, ова е Манчестер Јунајтед.”
О’Хара потоа предложи дека заменикот на Тен Хаг, Руд ван Нистелрој, треба да ја добие улогата на главен тренер по неговото враќање на „Олд Трафорд“ во летото. Членови на клупската хиерархија наводно исто така имале разговори со поранешниот тренер на Барселона, Чави, во Шпанија.