Димитријевиќ доби конкуренција во Олимпија Милано


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ доби конкуренција на плејмејкерската позиција во Олимпија Милано, откако тимот го ангажира Нико Манион.

Италијанецот играше во Голден Стејт, а потоа го облече и дресот на Варезе кој ќе добие 300.000 евра како отштета за неговата преселба во Милано.

Манион потпиша двегодишен договор со Олимпија, со опција соработката да биде продолжена на уште една година.