Трет трипл-дабл за Јокиќ во седмиот меч во новата сезона (Видео)


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Српскиот кошаркар Никола Јокиќ го предводеше Денвер нагетс до четврта победа во НБА-лигата.

Денвер славеше со 121-119 против Торонто репторс, а Јокиќ го заврши натпреварот со 28 поени, 14 скокови и 13 асистенции.

Србинот стигна до трет трипл-дабл од почетокот на сезоната, но сега доби и помош од Расел Вестбрук, кој конечно се разигра и постигна 21 поен.

Најефикасен кошаркар во редовите на Торонто беше Дик со 26 поени, додека Пелтл постигна 24 поени и 11 скокови.

Резултати:

Кливленд – Милвоки 116-114
Вашингтон – Голден Стејт 112-125
Детроит – ЛА Лејкерс 115-103
Атланта – Бостон 93-123
Минесота – Шарлот 114-93
Оклахома – Орландо 102-86
Њу Орлеанс – Портланд 100-118
Далас – Индијана 127-134
Денвер – Торонто 121-119
Бруклин – Мемфис 106-104
Мајами – Сакраменто 110-110
Чикаго – Јута 126-135
Хјустон – Њујорк 109-97