Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тешко е да се даде добра оцена за настапот на кој било играч на Реал Мадрид против Милан, но некои целосно разочараа, а двајца веќе се на излезните врати на клубот.
Реал Мадрид поминува низ многу тежок период и има играчи кои не се во најдобра форма. Во вчерашниот натпревар меѓу најзабележителните беа фудбалерите кои, според медиумите во Мадрид, Флорентино Перез веќе ги отпишал. Еден ќе си замине бесплатно, другиот го става на трансфер листа.
Орелиен Чуамени беше доведен за 80 милиони евра, но многумина по вчерашниот натпревар се прашуваат како е тоа возможно. Францускиот репрезентативец беше ужасен и Карло Анчелоти мораше да го извади веќе на полувремето.
Чуамени го тешеа соиграчите додека му свиркаа од трибините, но едноставно освен првите пол години, откако е во Мадрид не покажува дека е играч од 80 милиони евра. „Кралевите“ му платиле на Монако 80 милиони евра за Чуамени плус уште 20 милиони преку бонуси.
„Дефенса Сентрал“ тврди дека Реал во случај на добра понуда ќе го продаде Чуамени на крајот од сезоната бидејќи не е на нивото на кое би требало да биде некој што “носи” играта на најголемиот клуб во светот. Сè уште има време 24-годишникот да ги исправи работите и да го подигне нивото на играта, со што би се осигурал останувањето во Мадрид.