Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Во соблекувалната на Реал Мадрид не владее баш најдобра атмосфера поради нешто послабите резултати, а Карло Анчелоти одлучи да реагира и вчера играчите на кралскиот клуб мораа да останат подолго од планираното на тренингот. Кралскиот клуб не ја отвори сезоната баш најдобро, а во последно време екипата на Карло Анчелоти се наоѓа во пад на формата.
Тежок удар Реал доживеа неодамна на својот стадион каде што ги нивниот лут ривал Барселона ги декласираше со 0-4, а веднаш потоа следеше и пораз во Лигата на шампионите од Милан кој со 2:1 победи во Мадрид.
Јасно е дека во мадридскиот клуб не владее баш најдобра атмосфера поради овие порази од што е свесен и Анчелоти кој одлучи да реагира пред да продолжи кризата.
Италијанскиот експерт беше тоа многу незадоволен по поразот од Милан и сфати дека работите не функционираат како обично во неговиот тим, и беше свесен дека мора да реагира и тоа го направи на вчерашниот тренинг.
Играчите на Реал Мадрид традиционално тренираа во тренинг кампот во Валдебебас, но не ни насетуваа дека ќе останат таму многу подолго отколку што беше планирано.
Шпанските медиуми пишуваат дека Анчелоти пред тренингот не им зборувал на фудбалерите какви планови има, и дека само на крајот од истиот им соопштил да се преслечат и останат во тренинг кампот затоа што ќе имаат заеднички состанок.
Анчелоти ја задржа целата екипа и одржа состанок кој траеше скоро два часа, на кој беа анализирани поразите од Барселона и Милан.