Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Ѕвездата на Манчестер сити, Фил Фоден заработи почит од Пеп Гвардиола во сезоната 2020/21.
Фоден од тогаш стана еден од најдобрите фудбалери во Манчестер сити, а минатата сезона беше најдобриот играч во Премиерлигата поради одличните натпревари што ги одигра.
Англичанецот постигна 19 голови и забележа осум асистенции во походот на „граѓаните“ кон уште една шампионска титула, а на последниот меч постигна два гола и ја потврди титулата на својата екипа.
Гвардиола постојано зборува како го сака Фоден како фудбалер, но и како личност, но тие двајца имаа големи проблеми во октомври 2020 година.
Проблемот настана по слободниот удар што го изведе Фоден во победата на својот тим против Порто во рамките на Лигата на Шампиони.
На сите им е познато дека Гвардиола е голем перфекционист и дека од своите фудбалери бара одредени работи на натпреварите, и беше лут на Фоден затоа што не ги следел неговите инструкции.
Тогаш Шпанецот викаше на Фоден и му рече многу грди работи, а тоа не му се допадна на Англичанецот кој сметаше дека Гвардиола направил грешка.
Наводно по натпреварот Фоден бил многу лут на Гвардиола за работите што му ги кажал и само замина во тунелот и се пресоблече веднаш пред да се вратат многу играчи во соблекувалната.
Кога Гвардиола пристигна, Фоден веќе го чекал на вратата и му кажал некои работи.
„Не ми го зборувај тоа повеќе никогаш. Тоа не би го рекол на другите играчи“, наводно кажал Фоден на својот тренер.
Гвардиола му се извинил, но не застанало тука бидејќи Пеп отиде дури и чекор понатаму.
Тренерот на премиерлигашот одлучи да му се извини на Фоден пред целиот тим на клубската средба, но и да се казни самиот себеси.