Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓
Реал Мадрид ја почна сезоната со трофеј во европскиот Суперкуп, но потоа почнаа проблемите во тимот на Карло Анчелоти.
За првпат по долго време постои раздор во соблекувалната на „кралевите“, а медиумите откриваат кој е виновен за тоа.
Кондициониот тренер Антонио Пинтус станал контроверзна личност во соблекувалната, а медиумите пишуваат дека голем број фудбалери сметаат дека тој користи застарени методи на работа и бараат промени.
Едер Милитао по вторпат ги скина лигаментите, додека Родриго, Чуамени и Васкез исто така се повредени. Исто така тешки повреди заработија и Карвахал, Мартинез, Куртоа и Алаба.