Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓
Виктор Осимен си замина од Наполи на почетокот на сезоната и се пресели на позајмица во Галатасарај, но очигледно нема таму да остане во 2025 година.
Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис досега одбиваше понуди од 100 милиони евра, но сега драстично ќе мора да ја намали цената.
Осимен има 25 години, а оваа сезона постигна осум голови и четири асистенции на девет настапи во дресот на Галатасарај.
За неговите услуги сè уште се заинтересирани ПСЖ и Челси, но дефинитивно ситуацијата ќе ја разгледаат уште неколку екипи.