Барселона откри кога се враќа на „Камп Ноу“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Каталонскиот гигант Барселона ги извести сопствениците на сезонски билети дека ќе се врати на „Камп Ноу“ дури во февруари зашто сè уште не се готови градежните активности на стадионот.

Ова значи дека Барселона ќе ги одигра дуелите со Брест и Аталанта во Лигата на шампиони (ЛШ), како и Валенсија и Алавес на Олимпискиот стадион со цел да се избегнат дополнителни трошоци.

Првиот меч кој каталонскиот тим би го одиграл на „Камп Ноу“ најверојатно е против Рајо Валјекано на 15 или 16 февруари.