Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кошаркарите на Орландо триумфираа против Лос Анџелес Лејкерс со 119-118 со одличната тројка на германскиот кошаркар Франц Вагнер.
Вагнер го заврши мечот со дури 37 поени и 11 скокови, но ја постигна и најважната тројка на мечот на само 3,1 секунди пред крајот.
Во редовите на Лејкерс најефикасен беше Ентони Дејвис со 39 поени и девет скокови, додека Леброн Џејмс постигна 31 поен и 10 скока.
На останатите натпревари, Шарлот го совлада Детроит со 123-121, Торонто беше подобар од Минесота со 110-105, а Сан Антонио ја надигра Јута со 126-118.