Дефанзивец го привлече вниманието на Перез, Реал прави (не)очекуван потег!?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Како што пренесуваат англиските медиуми, Флорентино Перез донесе одлука за кој фудбалер ќе почне во јануари, а тоа ќе биде шок за многумина.

Имено, Најеф Агуер според наводите на англиските медиуми е на врвот на листата на желби на Перез поради одличните партии на позајмица во Реал Сосиедад.

Агуер помина само две сезони играјќи за тимот Вест хем, а добар дел од времето беше повреден. По само 58 настапи за тимот од Лондон отиде на позајмица во Реал Сосиедад.

Како резултат на сè, особено фактот дека толку брзо се прилагоди на шпанската лига и животот во Шпанија, Реал го стави на врвот на својата листа на желби за јануарскиот трансферен рок.

Според наводите на странските медиуми, фудбалерот покажа одлична дефанзива, лидерство, но и способност да ја покрене играта од стоперската позиција, а сето тоа му привлече внимание на Перез.

Во Вест хем се надеваа дека на овој фудбалер ќе му дадат шанса во втор план, и дека ќе го имаат за себе кога ќе се врати од позајмица, но очигледно сега би можеле да заработат од неговата продажба веќе во јануари.