Нови детали за драмата околу Бове: На мајка му ѝ се слошило, па помагала градоначалничката на Фиренца!


Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓


Фудбалерот на Фиорентина, Едоардо Бове, е во постабилна состојба откако се онесвети за време на натпреварот против Интер, но вчера тоа изгледаше многу страшно.

Тоа се случи во 17. минута, кога домашниот играч од средниот ред, Едоардо Бове, падна на теренот.

„Газета дело Спорт“ сега донесе нови информации, дека и на мајка му на фудбалерот, Тања, ѝ се слоши. Подоцна се придружила на својот сопруг и девојката на синот на патот до болницата.

„Мајката Тања која не издржала кога го видела синот како паѓа, и откако ѝ се слошило, однесена е со придружба на градоначалничката Сара Фунаро“, се наведува.