„Мареј не знае ништо за тренерската работа“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Ангажманот на Енди Мареј како тренер на Новак Ѓоковиќ продолжува да го привлекува вниманието на јавноста и да предизвикува коментари во тениските кругови. Еден од последните кој се огласи на оваа тема е Жил Сервара, тренерот на Данил Медведев, тенисер кој оваа сезона ја заврши на петтата позиција на АТП-листата.

Сервара изрази свој став за новата улога на Мареј, нагласувајќи дека не е изненаден од неговата брза транзиција од професионален тенисер во тренер. Сепак, тој постави прашање околу компетентноста на Мареј како тренер во моментов.

„Очекував ваков потег од Енди, не е нешто што ме изненадува. Знаев дека нема да може да остане надвор од спортот подолго од два или три месеци по пензионирањето. Сепак, проблемот е што тој засега не ја поседува таканаречената тренерска методологија. Тренерството е сосема различен аспект на тенисот, и Мареј нема доволно искуство или знаење во овој домен. Тоа значи дека ќе мора да учи во текот на својата работа, што е во ред, но не верувам дека тоа е причината зошто Ѓоковиќ се одлучи да работи со него,“ изјави Сервара за францускиот спортски магазин „Л’Екип“..