Гигантите се „тепаат“ за Ѓекереш, но еден од нив се повлече од трката


Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓


Шведскиот напаѓач Виктор Ѓекереш е еден од најинтересните играчи на пазарот во овој момент.

Новата европска напаѓачка ѕвезда, Виктор Ѓекереш ќе направи нов чекор во кариерата во летниот трансфер период.

Тој моментално игра за Спортинг од Лисабон и само е прашање на име на клубот во кој ќе премине на лето, правејќи чекор напред во својата кариера.

Во оваа сезона на 21 натпревар во сите натпреварувања постигна 21 гол и апсолутно е најдобар играч на Спортинг од Лисабон.

Неговите одлични игри привлекоа внимание од најдобрите европски клубови како што се Реал Мадрид, Манчестер Сити, Барселона и други.

Меѓутоа, изгледа не се сите заинтересирани за доведување на овој напаѓач и првиот клуб кој е надвор од трката е ПСЖ.

Како што објавија француските медиуми, Луис Енрике, тренерот на тимот од Париз, не го посакува овој играч во својот клуб, што ги запре сите шпекулацииза можен трансфер.