Ливерпул на праг да го продолжи договорот со уште една ѕвезда


Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓


Според последните информации, Мохамед Салах договори услови за нов договор со Ливерпул, а се чини дека „црвените“ се на праг да потпишат со уште еден од клучните фудбалери.

Како што објави италијанскиот инсајдер Фабрицио Романо, близу до потпис за нов договор е Ибрахима Конате.

Овој 25-годишник моментално е повреден и надвор од составот, но „Црвените“ работат на тоа да ја продолжат соработката со него.

Неговиот договор на Енфилд трае до јули 2026 година, но без разлика на тоа, Ливерпул сака да го осигура на подолг рок, односно до 2029 година.

Досега за Ливерпул настапил на 108 натпревари, постигнал пет голови и запишал три асистенции.