Гвардиола се откажа од титулата: „Оваа сезона е за страдање“


Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓


Тренерот на Манчестер сити Пеп Гвардиола е свесен дека во мај ќе му биде тешко петти пат по ред да ја освои Премиер лигата.

„Граѓаните“ одиграа нерешено на гостувањето кај Кристал Палас и тоа дополнително ги оддалечи од титулата.

Иако изгледаше дека кризата на актуелниот шампион на Англија е минато, вечерното реми на „Селхурст“ ги разбуди духовите од минатото.

„Не можеме да зборуваме за борба за титулата кога губиме четири натпревари по ред и не победуваме редовно. Тешко е да се биде во ситуацијата во која се наоѓа Сити. Задоволен сум со играчите – се бореа и го дадоа својот максимум. Оваа сезона е за страдање. Ќе видиме што ќе се случи во декември“, истакна шпанскиот стратег по уште еден во низата киксови во последно време.